Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вчера го назначи директорот на нафтената компанија од Денвер, Крис Рајт, кој ја оспорува улогата на климатските промени во предизвикувањето екстремни временски услови, за министер за енергија, пренесува АП.
Рајт, и покрај научните докази, тврди дека емисиите на стакленички гасови не ја зголемуваат температурата на планетата и не предизвикуваат зголемување на екстремните временски услови, наведува американската агенција.
Тој, исто така, тврдеше дека непотребни се грантови и заеми на актуелната американска влада за транзиција кон енергија со низок јаглерод, пренесува Танјуг.