Орбан и објави „војна“ на левицата: Допрва доаѓа времето на патриотите, вие сте неспособни

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на инаугуративното собрание на алијансата Патриоти за Европа ја истакна важноста на патриотизмот и силната Европа.

Осврнувајќи се на резултатите од изборите во САД, Орбан посочи дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп и самиот е патриот, како и дека сега „патриотите се мнозинство во западниот свет“, пренесува МТИ.

„Тие не можат да ја прифатат идејата да се вратиме на власт. Само демократија е ако победат, и се е оправдано да не спречат“, додаде тој.

Тој посочи дека десницата може да оствари голема победа бидејќи левицата, како што заклучи, е „неспособна да владее“.

„Земјите може да се управуваат подобро, но левицата едноставно нема компетентност да го стори тоа.

– Имаа моќ, но ги оставија Европа и Америка немоќни. Тие лошо управуваа со инфлацијата, енергетската безбедност, војната, образованието, цивилизациските предизвици и, се разбира, миграцијата. Тие се бариери за да ги направат Америка, Унгарија и Европа повторно големи, рече Орбан.

Орбан истакна дека миграцијата е едно од централните прашања на кампањата на Трамп и дека републиканецот е за депортација на сите илегални мигранти.

„Ова е вид на храбро лидерство што ни треба. Јасно, одлучно и самоуверено. Мора цврсто да кажеме не. Нема војна, нема миграција“, рече унгарскиот лидер.

Тој нагласи дека патриотите се „новата политичка реалност“ на Европа и дека граѓаните испратиле јасна порака дека сакаат промени во Брисел.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Орбан: Опасноста од ескалација и ширење на војна никогаш не била поголема

Орбан: Економските проблеми на Унгарија се резултат на војната во Украина

А1он

Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

А1он

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина