Студено со појава на магла по котлините

Од:

Времето денеска ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини.

Преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје наутро студено со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и претежно тивко.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

До средината на следната работна недела времето ќе биде стабилно со студени утра.

По котлините ќе има појава на утринска магла или ниска облачност, а дневните температури ќе бидат за неколку степени повисоки.

Нов влажен бран кој најпрвин ќе биде проследен со засилен јужен ветер се очекува да започне во среда кон крајот на денот.

Би можело да ве интересира

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Денеска студено и сончево, минималната температура – 8, максималната 6

Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите

Денеска ќе е сончево и студено