Заложничката криза, која се случи денеска во ресторан во парискиот департман От де Сен, заврши по три часа и сите четворица заложници беа ослободени, ниту еден од нив не е повреден, а киднаперот е уапсен, јавува БФМ ТВ.
🔴 ALERTE INFO | 🇫🇷Prise d’otage #IssylesMoulineaux #HautsDeSeine
🔴En direct : Le fils du propriétaire aurait retenu en otage les employés du restaurant en raison d'un conflit avec son père.
👉 🔴 Pour suivre l’actualité en continu, abonnez-vous 🔔 🔴 pic.twitter.com/GRETqUTdkG
— Les Spectateurs (@SpectateursFr) November 16, 2024
Околу 13 часот, осомничениот се заклучил во ресторанот на неговиот татко со четворица вработени, кои ги зел како заложници, во Иси-ле-Мулино, во југозападното предградие на Париз, соопшти Париската полиција, прецизирајќи дека на тој време немаше никој во ресторанот гости.
Киднаперот е уапсен од Бригадата за претрес и интервенција (БРИ), чиј посредник бил ангажиран во оваа акција „поради самоубиствените намери на осомничениот“.
Сторителот на овој инцидент страда од зависност од дрога и е познат на органите на прогонот, но не и на судството, наведува француската телевизија.
На лице место беа распоредени силни вооружени и опремени полициски сили кои го блокираа приодот кон населбата каде што се наоѓа ресторанот.