Претставничкиот дом на САД усвои закон за привремено финансирање

Од:

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои проект законот за привремено финансирање, кој демократите претходно го опишаа како неприфатлив.

Републиканското мнозинство во Конгресот одобри мерки за финансирање на државниот апарат до 15 декември, одложувајќи го на една година спроведувањето на здравствената реформа на претседателот Барак Обама.

Предлог законот ќе биде отфрлен во Сенатот, контролиран од демократите, изјави раководителот на демократите Хари Рид. Белата куќа, исто така, предупреди дека претседателот ќе стави вето на овој текст.

Двата дома на Конгресот ќе треба да постигнат согласност по прашањето пред полноќ во понеделник, кога завршува фискалната 2013 година. Ситуацијата изгледа крајно збунувачки и голем број конгресмени предвидуваат парализа на владините служби од вторник.

– Конгресот и Сенатот се како две локомотиви, што се движат една кон друга со мала брзина, објави на Твитер конгресменот Скот Ригел, од Републиканската партија.

Американските војници ќе продолжат да добиваат финансии, дури и ако владините институции бидат принудени да запрат со работа. Тоа го предвидува синоќа усвоениот закон во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Демократите го поддржа законот, но истакнаа, дека тој го игнорира значењето на останатите федерални служби, кои ќе треба да прекинат со работа, ако не биде одобрено привременото финансирање.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак