Руските системи за противвоздушна одбрана соборија 34 украински беспилотни летала над Русија во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се прецизира дека 20 беспилотни летала биле соборени над регионот Курск, 11 над регионот Брјанск и по еден над регионот на Крим, Белгород и Калушка, пренесува РИА Новости.
Во регионот на Калуга, беспилотно летало експлодира на периферијата на градот Људиново, објави гувернерот на регионот Владислав Шапша.