Македонската кик бокс репрезентација од денеска се наоѓа во Гуараја, Бразил каде ќе настапи на WАКО- Светското првенство во ЛОУ КИК и К1 дисциплините од кик бокс спортот.
Борбите ќе се одржуваат следниве седум дена, а Македонија на овој шампионат ќе биде претставена од:
– Ненад Манојловски -67кг. лоу кик
-Димитар Ѓорѓиев -75кг. лоу кик
-Мики Ивановски -81кг. лоу кик
-Далибор Огнанов -75кг. К1.
Делегацијата ќе ја предводат тренерот Драган Атанасовски и селекторот Дејан Митровски – Урко кои очекуваат нашите кик боксери да се покажат во најдобро светло.
По официјалното мерење ќе бидат познати противниците на македонските борци, како и редоследот на борбите.