(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

Од:

„Предлог Буџетот за 2025 година на Владата на Мицкоски покажува дека планираат само да ги задолжуваат граѓаните без да ја развиваат економијата и без да ги покачуваат платите. Погрешни и би рекол погубни се овие политики кои се преточени во Буџетот. Тоа ќе значи уште една загубена година за економијата, за граѓаните и за полицајците. Власта предлага зголемување на буџетот за МВР, но не планира зголемување на платите на полицајците“ рече денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Тој рече „Гледајќи ги криминалните пресметки кои секојдневно се случуваат на улиците, како вчерашниот случај со бомба во Керамидница, е силен показател: колку криминалните групи земале сила по смената на власта но и колку е важна улогата на МВР за безбедноста на граѓаните. Затоа СДСМ, поднесе над 200 амандмани на Буџетот за 2025 година од кои во делот на МВР поднесовме неколку многу важни амандмани“.

„Прво, поднесовме амандман за зголемување на платите на полицајците за 20%. За полицијата да биде вистински сервис во едно демократско општество, мора да имаме и мотивирани полицајци. Таа цел со овој амандман целосно се исполнува. Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани“ порача Спасовски.

Вели дека „не гледаме дека власта сака да продолжи да го развива капацитетот на МВР ниту да го модернизира, туку да го партизира и да го злоупотребува во партиски цели. Ветуваа гордост но денеска полицајците се понижени и деградирани. Неспособноста на власта ја загрозува безбедноста на граѓаните, што го гледаме во изминатиот период. Над 25 вооружени инциденти се случија само за неколку месеци“.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски