Бразилската полиција го идентификуваше мажот кој вчера изврши самоубиство активирајќи бомба пред зградата на Врховниот суд.
Според полицискиот извештај, потврден од извор запознаен со случајот, човекот бил идентификуван како Франциско Вандерли (59), кој претходно ги загубил изборите за градскиот совет на Рио до Сул во 2020 година како член на Партијата на слободата на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. објави Ројтерс.
Вандерли наводно го фрлил предметот кон судницата, а потоа легнал и ја активирал бомбата во очигледен обид за самоубиство, соопшти полицијата.