Републиканците во американскиот Сенат денеска го избраа Џон Тун за шеф на тоа тело, што укажува дека тие се спротивставиле на притисокот да изберат некој лојален на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Изборот на сенаторот од Јужна Дакота е знак дека Сенатот би можел да има одреден степен на независност од претседателот следната година, кога републиканците ќе имаат контрола врз Белата куќа, а можеби и во Претставничкиот дом.
Републиканците ќе имаат најмалку 52 од 100 претставници во Горниот дом и се на пат да го задржат мнозинството во Долниот дом, кој се уште ги чека конечните изборни резултати.