Во собата каде што спиел Палевски имало пиштол посведочи негов сопартиец

Од:

Ѓорѓи Џолев, сопругот на сопственичката на реното Кангу, кое според обвинението Љупчо Палевски Палчо го возел на денот на грабнувањето на Вања и члена на партијата „Десна“, сведочеше денеска на рочиштето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Тој пред судот кажа дека го известил првообвинетиот дека е повикан во полиција за возилото.

Да имав комуникација со Палевски.На телеграм. Дека сопругата моја е во полициска станица и јас сум повикан. Разговорите беа многу кратки, кога одев во полициска станица се слушнав со него. Џолев кој е претседател на Централниот комитет на Десна рече дека во претходното седиште на партијата во Кисела вода во просторијата каде спиел Палевски видел пиштол и претпоставувал дека е негов и знаел дека има дозвола за негово носење. За другите обвинети Велибор Манев и Влатко Кешишев рече дека имале поданички однос кон Палевски и дека му се умилкувале и никогаш не се расправале со него.

Претходно сведочеше тетката на Вања, братучетка на нејзината мајка која зборуваше за деновите по исчезнувањето на девојчето и за тоа каде ја барале и за прегледувањето снимки кои ги носел таткото Александар.

Би можело да ве интересира

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Заврши доказната постапка во случајот за убиствата на Вања и Панче, на 2 јуни се завршните зборови

А1он

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, се изведуваат дополнителни докази

Катерина Ѓуровски

Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

Видевски не бил на работа на денот на убиството на Вања, немало пробно пукање со неговиот пиштол

Палевски со снимки докажува дека тројца, а не четворица го грабнале Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски