Трагедија кај Елешец: Загина 18-годишно момче, тинејџер е тешко повреден

Од:

18-годишниот возач загина, а неговиот сопатни на возраст од љ16 години е тешко повреден во страотна сообраќајна несреќа на патот од Охрид кон Свети Наум во близина на населбата Елешец.

– На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц.(18) од Охрид, излетал од патот. Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, информираше МВР.

Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва