Автомобил влета во толпа пред стадионот во кинескиот град Жухаи при што се повредени неколку лица, соопшти полицијата. Уапсен е 62-годишен возач. Локалните извештаи проценуваат дека најмалку 20 луѓе се повредени и испратени во болница. Инцидентот се случи и покрај зголемените безбедносни мерки во градот, во кој моментално се одржува голема цивилно и воено авио-шоу.
On the evening of November 11th, in Zhuhai, Guangdong, at the Zhuhai Sports Center, there was an incident where a car struck pedestrians. Injured people could be seen lying on the ground throughout the area, presenting a shocking scene. #珠海体育中心 pic.twitter.com/oPIywCji0Q
— 铁锁夢 (@ChainedSoul22) November 12, 2024
Повеќето видеа од инцидентот објавени од очевидци оттогаш се отстранети од кинеските социјални мрежи, но некои сè уште кружат на интернет покажуваат дека многу луѓе лежат на земја.
Некои од жртвите се чини дека се во несвест. Чен, очевидец, за кинескиот магазин „Каиксин“ изјави дека најмалку шест групи луѓе се собрале пред стадионот во моментот на инцидентот.
Чен рече дека неговата група штотуку го завршила својот трет круг околу стадионот кога автомобил одеднаш забрзал кон нив, „соборувајќи многу луѓе“.
„Возеше во круг, а луѓето беа повредени на сите делови од патеката“, изјави друг очевидец за „Кајксин“.
Медиумите јавија дека меѓу повредените има многу постари лица, како и тинејџери и деца.
Не е јасно дали инцидентот е поврзан со аеромитингот, кој започна во вторникот на локација на само 40 километри од стадионот. Кина на саемот ги изложува своите најнови воени авиони и беспилотни летала, а се очекува да присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Шојгу.
Кина во последните месеци забележа серија насилни напади врз граѓани. Во септември, маж нападна луѓе со нож во супермаркет во Шангај, при што уби три лица, а рани неколку други. Истиот месец, 10-годишен ученик почина еден ден откако беше избоден со нож во близина на неговото училиште во јужна Кина.