Саудискиот престолонаследник и де факто владетел на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман денеска го осуди, како што рече, геноцидот извршен од Израел врз Палестинците.
„Кралството повторно го осудува и категорично го отфрла геноцидот извршен од Израел врз братскиот палестински народ“, рече Бин Салман во говорот на Арапско-исламскиот самит што се одржува во Ријад.
Саудискиот престолонаследник ја повика меѓународната заедница да го спречи Израел да го нападне Иран и да го почитува суверенитетот на Иран, пренесува Ројтерс.