Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

Од:

СДСМ е силен коректор на погрешните политики на актуелната власт, а внатрешно ја завршува првата фаза од процесот на консолидација со избор на нови делегати, претседатели на општински организации и подготовките за Конгресот на партијата. Ова го изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на регионалната средба во Струга со општинските организации од тој регион.

– Задоволен сум од изборот на новите раководства и претседатели на општински организации. Тоа се луѓе кои уживаат широка доверба во своите заедници и имаат капацитет да го обединат членството на СДСМ во секоја општина. Првата фаза на процесот на консолидација полека завршува и СДСМ се екипира на сите нивоа“ – рече Филипче. Тој истакна дека при избор на раководствата се консултирани огромен број на членови со цел да се изберат вистинските луѓе кои имаат поддршка внатре, но и надвор од партијата. „Енергијата се враќа, позитивна е атмосферата во општинските организации и тоа е добро. Но, допрва започнува битката со оваа власт која за само пет месеци целосно разочара. Очекувам од сите максимална посветеност и многу работа за да ја вратиме довербата кај граѓаните. Силно верувам дека со искрен пристап, нови модерни социјалдемократски политики и многу приземност можеме да ја вратиме поддршката – им порача Филипче на сопартијците.

Тој истакна дека на 24 ноември се одржува 30 конгрес на СДСМ на кој покрај избор на новото раководство ќе се дефинираат и новите политики на СДСМ. „Ќе понудиме современ модел на нова идеолошка и политичка платформа на СДСМ како одговор на предизвиците пред кои се наоѓа Македонија. Политики кои ќе значат реафирмација на социјалдемократските вредности, прилагодени на новото време и приоритетите на сите граѓани во нашето општество.

– Силен фокус ставаме на економијата, платите и поддршката за граѓаните, но и ги реафирмираме демократските принципи на владеење кои ВМРО-ДПМНЕ ги руши од првиот ден, истакна Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Катерина Ѓуровски