Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Од:

Британскиот министер за одбрана Џон Хили денеска изјави дека очекува САД, заедно со нивните западни сојузници, да продолжат да обезбедуваат помош за Украина се додека е потребно.

Запрашан дали поддршката за Украина е намалена откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД на 5 ноември, Хили изјави за Скај њуз дека очекува Вашингтон да продолжи да му дава помош на Киев заедно со сојузниците како Велика Британија додека Украина не победи во војната.

Хели рече дека Трамп ќе разбере дека земјите се безбедни кога се силни и дека сојузите како НАТО го овозможуваат тоа, објави Ројтерс.

За време на предизборната кампања, Трамп зборуваше за завршување на војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата. Од победата на Трамп на изборите, американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден се обиде да обезбеди американска поддршка за Украина.

Белата куќа во четвртокот објави дека ќе продолжи да ја зголемува хуманитарната и воената помош за Украина користејќи средства што веќе ги одобри Конгресот. Бајден ќе побара од Трамп да не ја замрзнува помошта за Украина кога ќе се состанат во среда, изјави во неделата американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

– Бајден ќе има можност во следните 70 дена да им претстави на Конгресот и на новата администрација дека САД не треба да ја прекинат помошта за Украина бидејќи тоа би значело поголема нестабилност во Европа – рече Саливан.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски