Првите Севернокорејци загинаа во борби со Украинците, вели Зеленски

Од:

Севернокорејските сили кои се борат против украинските војници ги претрпеа првите загуби во руската област Курск, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Во моментов 11.000 севернокорејски војници се присутни на руска територија во близина на украинската граница, поточно во регионот Курск“, рече Зеленски вчера на прес-конференција на самитот на европските лидери во Будимпешта.

„Некои од овие единици веќе учествуваа во борбени операции против украинските сили и веќе имаат жртви“, додаде тој, но не кажа колку жртви има.

Тешки борби се водат во регионот Курск откако Украина започна прекугранична офанзива на почетокот на август. Русите распоредија севернокорејски сили таму за да ги зајакнат сопствените трупи додека најискусните руски единици продолжуваат да напредуваат во источна Украина.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров пред неколку дена потврди дека веќе се случиле првите судири меѓу украинските вооружени сили и севернокорејските војници.

Би можело да ве интересира

Мишел: Европа е подготвена да соработува со САД за поддршка на Украина

Кремљ: Путин е отворен за дијалог за Украина со сите заинтересирани страни

Путин: Не се договоривме така

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Русија: Над руска територија беа соборени 17 украински беспилотни летала

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски