ВМРО-ДПМНЕ: Ефектите од владеењето на СДС и ДУИ граѓаните ги чувствуваат и ден денес

Од:

По само неколку месеци од падот на СДС и ДУИ фактите излегуваат на површина за тоа како СДС и ДУИ ги трошеле народните пари. Нема област во која што не се пронајдени низа злоупотреби, прекршувања на законите, ненаменско трошење на буџетските средства и малверзации. Низ изминатите 7 годините се потрошени милионски буџетски средства а ништо не е направено и реализирано и во корист на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно се откриваат низа малверзации, скандали и афери за седум годишното владеење на СДС и ДУИ. Парите на граѓаните СДС и ДУИ ги трошеле неодговорно и нетранспарентно. Ефектите од владеењето на СДС и ДУИ граѓаните ги чувствуваат и ден денес. Уште еден таков случај е констатиран и во ДЗР во Ревизија за 2023 година на министерството за финансии и буџетските трошења каде се констатирани низа пропусти.

Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ – функции на државата во службено гласило. Толку од транспарентноста и отчетноста на СДС и ДУИ на која се повикуваа секојдневно. Ова е уште еден доказ за тоа колку СДС и ДУИ ја уназадија државата, ја продлабочија корупцијата и го распространија криминалот. Се поставува прашањето што криеле СДС и ДУИ? ВМРО-ДПМНЕ се залага за политики и закони кои ќе го променат системот, ќе ја искоренат и оневозможат корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ има реформска агенда која ќе успее да испорача услуги на населението. ВМРО -ДПМНЕ се залага за градење на демократски институции кои ќе ја зајакнат и унапредат демократијата во земјата“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми