Галант: Mу благодарaм на Вашингтон за извонредната поддршка

Од:

Јоав Галант беше официјално разрешен од функцијата министер за одбрана 48 часа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши во вторникот вечерта, пишува The Times of Israel.

Во прошталната порака, Галант рече дека разговарал со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за да му се заблагодари за неговото партнерство и длабоката посветеност на одбранбената соработка меѓу двете земји и безбедноста на Израел.

Тој му се заблагодари на Вашингтон за неговата извонредна поддршка по нападот на 7 октомври 2023 година.

„Беше чест и привилегија да и служам на мојата земја и да работиме заедно за понатамошно продлабочување на врската меѓу нашите народи. Нашите врски се клучни за безбедноста и просперитетот на државата Израел и еврејскиот народ“, напиша Галант на X платформа.

Кнесетот треба да започне со гласање за именувањето на министерот за надворешни работи Израел Кац за нов министер за одбрана, додека Министерството за надворешни работи треба да му биде доверено на Гидеон Сар, наведува израелскиот портал.

Би можело да ве интересира

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци