Урсула фон дер Лајен и Шарлс Мишел разговараа со Трамп за идната соработка

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска разговараа со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кому уште еднаш му ја честитаа победата на претседателските избори.

„Имав одличен телефонски разговор со Доналд Трамп, му честитав на изборната победа. Со нетрпение очекувам да ги зајакнеме врските ЕУ-САД и заеднички да се справиме со геополитичките предизвици“, напиша Фон дер Лајен.

Таа изјави дека разговарала со Трамп за ситуацијата во Украина, одбраната, трговијата и енергетските прашања.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд