Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека на Украина и треба доволно количество оружје, а не поддршка во преговорите со Русија.
„Ви благодарам на сите што ја поддржувате Украина и нашиот народ, не се браниме од руски зборови, туку од руски напади. Затоа ни треба доволен број оружје, а не поддршка во преговорите. Гушкањето со Путин нема да помогне. Некои од вас го прегрнуваат 20 години, а ситуацијата само се влошува“, рече Зеленски во своето обраќање на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, пренесува Укринформ.