Десетте најбогати луѓе во светот на листата на милијардери на Блумберг го зголемија своето богатство за рекордни 64 милијарди долари за еден ден по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави.
Најмногу профитираше извршниот директор на Tesla, Илон Маск, чие богатство порасна за 26,5 милијарди долари на вкупно 290 милијарди долари, пишува Гардијан.
Маск, кој се декларира како поддржувач на Трамп, го зголеми своето богатство благодарение на скокот на акциите на Тесла и со тоа дополнително ја зацврсти позицијата на најбогат човек во светот.
Богатството на основачот на Амазон, Џеф Безос, второрангиран милијардер на листата на Блумберг, се зголеми за седум милијарди долари, а претседателот на Оракл Лери Елисон, симпатизер на републиканците, преку ноќ стана побогат за речиси 10 милијарди долари и сега „вреди“ 193 милијарди долари. .
Меѓу победниците се поранешните извршни директори на Мајкрософт, Бил Гејтс и Стив Балмер, поранешните извршни директори на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, како и познатиот инвеститор Ворен Бафет.
Богатството на извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг стагнира, додека единствената дневна загуба ја забележа сопственикот на луксузната корпорација LVMH, Бернард Арно.
Акциите на американските компании значително пораснаа по реизборот на Трамп бидејќи инвеститорите очекуваат пониски даноци и помала регулатива за бизнисот.