СДСМ: Се потврди тоа што го говоревме, цените намалени за смешни 0,1 отсто

Од:

Цените во октомври месец биле „намалени“ за само 0,1%, објави Државниот завод за статистика. Ете толку е ефикасноста на мерката на владата за намалување на цените, нула. Кошничката месечна се намали само 57 денари. Прес конференциите на владата и фалењето со намалени цени потонаа, а реалноста ја чувствуваат граѓаните секојдневно во маркетите. Намалување на цени нема и затоа Владата мора итно да го прифати предлог законот за ДДВ на СДСМ со кој граѓаните реално ќе штедат до 2.000 денари месечно, велат од СДСМ.

„СДСМ има пакет од три закони кои ќе значат повеќе пари во џебот на секој граѓанин, поевтини цени на производи и повисоки плати. Ова е во интерес на сите граѓани и само од политички инает ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа овие политики. Жално е што ВМРО-ДПМНЕ е подготвена на штета на граѓаните да води политики на отфрлање на добрите решенија. Од една страна Мицкоски зборува за обединување, од друга страна не прифаќа ништо што значи повеќе пари за граѓаните. СДСМ уште еднаш повикува на разум кај Владата и подава рака за соработка. Ако околу нешто треба да се обединиме тоа е подобар животен стандард и поддршка во време кога животот станува се потежок“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага