Голема победа за Металург против францускиот првак ПСЖ

Од:

Македонскиот вицепрвак Металург, вечерва, во СЦ „Борис Трајковски“ го победи најбогатиот светски ракометен клуб, Пари Сен-Жермен со 28:26.

Преку 7.000 навивачи на Металург со овации ја наградија борбената игра на своите миленици кои имаа безброј исцрпувачки дуели со фаворизираните парижани.

metalurg-pszИ покрај тоа што домаќините настапија ослабени поради неиграњето на Филип Миркуловски, сепак неговото отсуство беше надополнето од останатите играчи, а пред се, од Ренато Вугринец, кој постигна девет голови и беше најефикасен на теренот.

Во победата со по четири погодоци свој придонес имаа Дејан Манасков, Наумче Мојсоски, Ванчо Димовски и Гоце Георгиевски. На голот на Металург извонреден беше Дарко Станиќ со 18 одбрани.

Кај ПСЖ најефикасен беше Фахрудин Мелиќ со шест голови.

На другите две средби од групат Ц во Лигата на шампионите: Динамо Минск – Вардар 26:24, Барселона – Вакер Тун 45:26.

По одигрување на овој круг, Металург е лидер во оваа група со две победи и како водечки на табелата во следното коло ќе и гостува на Барселона.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска