Четворица цивили загинаа денеска во израелски напад врз куќа во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа. Министерството за здравство во Газа, исто така, објави дека неколку лица се повредени при гранатирање на куќа во областа Ал Алами во кампот Џабалија, пренесува агенцијата ВАФА.
Во конфликтите во Појасот Газа, од 7 октомври 2023 година, загинаа 43.391 цивили, а 102.347 други, главно деца и жени, се ранети.
Илјадници жртви се водат како исчезнати и се претпоставува дека се или затрупани под урнатините или расфрлани по патиштата, а спасувачките тимови тешко можат да стигнат до нив поради континуираните израелски напади и огромната количина урнатини, се вели во соопштението.