Двајца мажи му се заканувале на вработен во Општина Тетово

Од:

СВР Тетово информираше дека денеска биле приведени две лица кои се заканувале на вработен во Општина Тетово. Според СВР Тетово, лицата се осомничени за кривично дело „загрозување сигурност“.

-Денес на улица „ЈНА“ во објектот на општина Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода К.И.(34) и А.А(38), двајцата од Тетово, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „загрозување на сигурност“ по член 144 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тие околу 14.20 часот се заканувале на Л.М., вработен во општина Тетово. Тие се задржани во полициска станица, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре складиран изборен материјал во пожар во подрумот на Општина Тетово

Аларм во Србија: Пристигна јасна закана „никој од вас нема да биде безбеден“

Жена од Скопје добила закани на социјалните мрежи

Со нож им се заканувал на познаници, па со пиштол пукал во воздух

Маж од Студеничани му се заканувал на адвокат, од полицијата велат ќе заработи пријава

Горан Наумовски

Ученик во Лика бил незадоволен од оценката, се заканил дека ќе дојде со пиштол во понеделник