Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Од:

Возач и сопатничка се повредени во сообраќајна незгода што се случи денеска околу 14 часот на обиколницата за Тетово. Возилото излетало од патот и се превртело.

– Во 14.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на надвозникот за тетовска Брвеница, патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(22) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки повреди се здобила сопатничката Ј.П.(22) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, информираше Фатмир Реџепи од СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Касами ги викна владиката и муфтијата за заедно да се борат за соживот во Тетово

А1он

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он