Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура.
Тој во оставката наведе дека поднел оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија што се случи во ресорот со кој раководи.
Тој на социјалната мрежа Икс изјави дека заминува „со чиста совест и гордост за резултатите што остануваат зад него, како и за тимот на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура што работеше со него“.
Поднео сам оставку на функцију министра грађевинарства, саобраћаја и инфраструктуре у Влади Републике Србије.
Оставку сам поднео као одговоран човек који жели да личним примером покаже да у данашњој Србији постоји морална одговорност због страшне трагедије која се догодила у… pic.twitter.com/QQyxEE1Ktj
— Горан Весић (@sicveO11) November 5, 2024
Работев со голема почит и одговорност кон граѓаните, како и со најдобра вера исклучиво во интерес на Србија“, напиша Весиќ.
Горан Весиќ вчера на прес-конференција најави дека ќе поднесе оставка и изјави дека не ја прифаќа вината за несреќата во која загинаа 14 лица.
„Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура (МГСИ) со ниту еден акт не можеше да влијае на проектот, квалитетот и надзорот на работите на станицата во Нови Сад“, посочи Весиќ.