Гоце Седлоски се врати на клупата на Вардар. Тој е четвртиот тренер на Вардар оваа сезона, после Горазд Михајлов, Горан Петревски – Чунга и Срѓан Захариевски.
Седлоски по седум години се враќа во најтрофејниот клуб, откако во периодот од 2015 до 2017 година успешно го предводеше тимот како тренер. Претходно беше и спортски директор на Вардар, а потоа ги предводеше и Рига, Широки бријег, вториот тим на Динамо Загреб, Шкупи, Влазнија и Работнички.
АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот. pic.twitter.com/WOdEWxpuqU
— FCVardar (@VardarFC) November 5, 2024