Артуро Видал и соиграчите осомничени за сексуален напад во ноќен клуб

Од:

Чилеанската фудбалска ѕвезда Артуро Видал (37) и неговите соиграчи од Коло Коло се осомничени за сексуален напад врз жена на забава, соопшти државното обвинителство во Сантијаго де Чиле.

Во кусото соопштение, обвинителството објави дека „има пријава за сексуален напад“ насочена кон „играчите на Коло Коло“, меѓу кои и Видал, но „никој не е уапсен“.

Имињата на другите играчи не се објавени, пренесе Хина, повикувајќи се на АФП.

Според извештаите на локалните медиуми, сексуалниот напад се случил во раните утрински часови во понеделникот во ноќен клуб во Сантијаго, каде група играчи на Коло Колo правеле забава.

Како што јави Радио АДН, неименувана 22-годишна девојка тврди дека била дрогирана во бар во областа Витакура во Сантијаго.

Полицаецот Херардо Аравена изјави за новинарите дека 37-годишниот Видал бил донесен во полициска станица за проверка на идентитетот.

Тој додаде дека ова е стандардна полициска процедура кога едно лице е осомничено дека сторило или се обидело да изврши кривично дело.

Видал одигра 142 настапи за чилеанската репрезентација и постигна 34 гола, а во кариерата играше за Барселона, Баерн, Интер и Јувентус.

Тој е во Коло Коло од јануари годинава.

Би можело да ве интересира

Фламенго го претстави Артуро Видал како големо засилување

Видaл до фановите на Барса: Благодарам за љубовта, тоа беа две прекрасни години

Жарко Настоски

Видал се договори со Интер

Жарко Настоски

Видал не исклучува можност да замине во Интер

А1он