Видaл до фановите на Барса: Благодарам за љубовта, тоа беа две прекрасни години

Од:

Играчот за врска Артуро Видал ги користи социјалните мрежи за да се збогува со својот поранешен клуб Барселона. Само прашање на часови е чилеанецот да се пресели во Интер.

Претходно денес ги помина медицинските тестови. Италијанците ќе платат 1 милион евра за неговите права, а самиот играч ќе парафира за 2 + 1 година.

Еве што напиша Видал:

„Денес, по две прекрасни години поминати во овој голем клуб, Барселона, се збогувам со сите. Многу сум горд што го носев дресот на тимот и играв покрај одлични фудбалери и добри луѓе. Сакам да се заблагодарам на моето семејство, на соиграчите, тренерите, лекарите, спортскиот и техничкиот персонал, како и на сите одлични навивачи кои секогаш ме сакале.

Денес започнувам нова фаза во мојот живот и сите тие остануваат во моето срце засекогаш. Се гледаме наскоро и да живее Барса! Артуро“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат