Левица: Семејното насилство да се гони по службена должност – потребни се итни промени на Кривичниот законик

Од:

Системските пропусти деновиве дозволија убиство на уште една жена! Причините за фемицид се исти, убиствата сѐ почести, а властите упорно не наоѓаат за сходно нашето законодавство да го насочат кон искоренување на очигледниот суштински проблем, велат од Левица.

„Постојниот Кривичен законик за случаи на телесна повреда при вршење насилство врз жена или семејно насилство предвидува гонење по предлог на жртвата. Ова им остава простор на жртвите под притисок од насилникот, под страв или како резултат на психичко растројство од извршеното насилство – да ја повлечат пријавата, да се прекине постапката и извршителот на насилството да остане без казна, на слобода, претставувајќи закана за жртвата.

Затоа, го повикуваме Министерот за правда од ЗНАМ, Игор ФИЛКОВ, без одложување да иницира измени на Кривичниот законик, во насока на запирање на овој монструозен хаос поради кој жените се обесхрабрени да го пријавуваат насилството. Потребни се мали измени со коишто стореното кривично дело „телесна повреда“, нема да може да биде амнестирано под притисок на насилникот, односно гонењето ќе биде целосно препуштено на надлежните органи и ќе се гони по службена должност, а сторителот ќе биде со сигурност казнет.

И убиството на 29-годишната штипјанка е последица на низа насилства од страна на (сега веќе) убиецот којшто претходно бил пријавуван пред надлежните институции, но бидејќи жртвата го повлекувала предлогот – постапките запирале и насилникот останал неказнет, за сега да еволуира во убиец.

Токму тоа го покажуваат и анализите – само 2% на насилство се пријавува кај надлежните институции, а и оној мал број на пријави не завршуваат соодветно, поради повлекување на предлогот од страна на жената-жртва на насилство и запирање на постапката.

Жените жртви на семејно насилство не смеат да останат незаштитени и сами во нивната институционална борба против насилникот, која што борба пак, де факто значи борба за живот. Законодавството и надлежните мораат да се постават на страна на жртвата и да создадат безбедна средина, искоренувајќи ја храброста на насилниците да се претворат во потенцијални убијци“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Тетовчанец ја истепал сопругата и двете малолетни деца

Коцевски: Интерпелацијата против мене е неиздржана, а законот и не предвидува можност за политичка одговорност на Обвинителот

Катерина Ѓуровски

Оставката на Димитровска не е морален чин туку резултат на јавен притисок – целиот состав на ДКСК треба да си замине, реагира Левица

Мојсоска: Левица гласаше за хуманитарна помош за Газа – Собранието ја отфрли резолуцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Левица со задоцнета загриженост-каде беше кога СДС го пустошеше ЕСМ?

Левица: ЕСМ стана најголем државен загубар откако има финансов директор-политиколог

Горан Наумовски