Гујон: Мора да се најдат виновниците за падот на настрешницата во Нови Сад

Од:

Директорот на Канцеларијата за јавна и културна дипломатија Арно Гујон изјави дека одговорните за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад мора да бидат пронајдени и дека ќе бидат кривично гонети и казнети.

„Ако сакаме нашата земја, нашиот народ, нашето општество да оди напред, треба да разбереме дека се случуваат такви трагедии, но дека треба да реагираме за да не се повтори. И секој треба да го преземе својот дел од одговорноста. Одговорноста е и на сите луѓе, медиумите и политичарите кои ја коментираат и ја злоупотребуваат оваа трагедија за политички цели и тоа на ден на жалост, што за мене е неприфатливо“, рече Гујон.

Тој изјави дека тоа е трагедија која го погодува секој од нас.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор