Туркулов: Повредените oд несреќата во Нови Сад се уште се во животна опасност

Од:

Директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов утринава за ТВ Прва изјави дека тројцата повредени од несреќата во Нови Сад се уште се во тешка состојба и дека се работи за млади луѓе.

Тие се уште се во животна опасност. Станува збор за сериозни повреди, како од земјотрес, што е логично бидејќи луѓето биле притиснати од тежок товар, изјави Туркулов за ТВ Прва.

Станува збор за две девојки на 23 и 24 години и 18-годишно момче.

„Не се подобри, за жал. Тимовите работат 24 часа и постојано се следени, но за жал нема напредок“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор