ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Од:

Пелистер го совлада Вардар со 1-0 во историскиот прв натпревар под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Македонското Ел Класико според интересот апсолутно ги оправда очекувањата, собра повеќе од 5.000 фанови на трибините. Херој на дуелот е Мирко Ивановски, кој постигна победнички гол во 92.минута и отиде да го прослави со најверните фанови, се качи горе на трибината во еуфорија, и потоа доби втор жолт картон за исклучување.

Беа присутни и двете навивачки групи, „Чкембари“ и „Комити“, кои имаа свои пиротехнички шоуа, можеби малку и претераа, но, сепак, беа одличен декор на натпреварот.

Долу на теренот, двете екипи имаа скромен ефект и ако на трибините беше за „петка“, тогаш фудбалската пресметка секако ќе беше за „нула“, односно за 0-0. Но, со тоа не се сложи Мирко Ивановски, големиот стрелец кој во финишот го зададе решавачкиот удар и го остави Вардар на дното, со уште еден пораз во Првата лига и во ова 13.коло.

На стартот од натпреварот, Мирко Ивановски, а потоа Вардар имаше свои моменти, преку Дијанеси и Закариќ.

На почетокот на второто полувреме Закариќ се обиде да го лобува голманот на Пелистер и за малку не беше успешен, а потоа две шанси имаше и Дијанеси. Првиот пат шутираше над голот од 14 метри со левата нога, а потоа се обиде и со удар со глава, но повторно беше непрецизен.

Во 90.минута, Дијанеси упати прецизен удар со глава, по нафрлувањето на Донгмо, но голманот Јовчевски успеа да одбрани и исфрли во корнер.

Голот се случи на спротивната страна. Мирко Ивановски „намириса“ каде ќе се врати топката по еден дуел во шеснаесетникот на Вардар и со прецизен удар го матираше Филип Гачевски. Еуфорија на трибините за Пелистер и уште едно разочарување за Вардар и неговите „Комити“.

По овој триумф, Пелистер се наоѓа на седмата позиција со 16 бода, а Вардар е последнопласиран, со само осум освоени бода.

Би можело да ве интересира

Вардар повторно има нов тренер

Катерина Ѓуровски

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Новоматик Македонија ќе го финансира ФК Вардар со еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина