Пресврт во последен момент: Харис води во државата упориште на Трамп

Од:

Последната анкета во Ајова ги изненади политичките аналитичари, откако покажа дека демократската кандидатка Камала Харис е пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Ајова е нормално упориште на републиканците, но анкетата покажува дека Харис има три отсто предност пред Трамп.

Ако Камала Харис води во држава која Трамп ја освои во 2016 и 2020 година, тоа може радикално да ја преобликува трката.

Анкетата на „Селцер“ покажува дека Харис има 47 отсто поддршка во Ајова, а Трамп 44 отсто. Претходните анкети покажаа дека Трамп е во водство, но најновите податоци укажуваат на значителен пресврт.

Анкетата покажува дека жените придоеле за овој пресврт во Ајова. Доколку овој тренд се прошири, тоа би можело да биде значајно, имајќи предвид дека кампањата на Харис се фокусира на мобилизирање на жените гласачи, особено по поништувањето на Роу против Вејд, кој се занимаваше со правата на абортусот.

Иако резултатите од анкетата на Селцер се причина за оптимизам, многу демократи се претпазливи.

Би можело да ве интересира

Селото на дедото на Камала Харис во Индија ќе се моли за нејзина изборна победа

А1он

Харис и Трамп за Балканот: Приоритет е борбата против корупцијата

А1он

Фановите на Трамп се подготвени: Нема да дозволиме да ги украдат изборите

ВИДЕО: Харис објави предизборен спот, Трамп вели „глупав е“

ВИДЕО: За два дена се најважните избори во светот, анкетите покажуваат мртва трка

Катерина Ѓуровски

Орбан: Ако победи Трамп, Европа не може сама да го поднесе товарот на војната во Украина