Либан: 52 лица загинаа во израелските напади на истокот

Од:

Либанското Министерство за здравство синоќа соопшти дека во израелските напади на истокот од земјата загинале 52 лица, на кои не им претходела препораката за евакуација што вообичаено ја дава Израел.

Министерството извести за „52 мртви и 72 ранети во израелски непријателски напади врз регионот Балбек-Хермел“, соопшти агенцијата АФП.

Официјални лица во Либан претходно во петокот соопштија дека 13 лица биле убиени во неколку израелски напади.

Куќи во две села беа погодени во нападот на североисточниот регион Балбек-Хермел, објави либанската државна новинска агенција.

Во последните денови Израел ги засили нападите врз североисточниот град Баалбек и околните села, како и во различни делови на јужен Либан.

Израелскиот воздушен напад бил на дофат и на Каматија, југоисточно од Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.

Израелската армија објави дека објектите за производство на оружје, командните центри и друга инфраструктура биле цел на нападите во областа Бејрут.

Претставникот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, Јенс Лерке, изјави дека претходните денови побегнале десетици илјади луѓе откако израелската армија предупреди дека ќе следат напади.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан