Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вечерва изјави дека акцијата за спасување во Нови Сад е завршена и дека конечниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени.
„Спасувачката операција во Нови Сад заврши. Дефинитивниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени“, изјави министерот Дачиќ.
Четиринаесет лица загинаа денеска во несреќа предизвикана од уривање на настрешницата на старата зграда на Железничката станица во Нови Сад.