Телото на шестгодишно дете е извлечено од под урнатините од Железничка станица во Нови Сад

Од:

Според министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, во трагедијата што се случи денеска околу пладне во Нови Сад кога се урна натстрешницата на Железничката станица, загинало и шестгодишно дете.

Според него, во трагедијата досега загинале 12 лица, додека три лица се уште се борат за живот. Најшокантно било кога го пронашле телото на момчето меѓу урнатините.

– Гагиќ, еден од шефовите на управата за вонредни ситуации, заплака кога виде дека, ми се чини, почина и шестгодишно дете, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека се уште се идентификуваат жртвите.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор