Настрешницата во Нови Сад ја реновирала кинеска компанија

Од:

Тринаесет лица загинаа, а три се хоспитализирани при уривање на дел од покривот на влезот на железничката станица во Нови Сад, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Локалните телевизиски станици покажаа служби за итни случаи на теренот, вклучително и медицински персонал кој подготвуваше носилки. Пред станицата има и багери кои треба да ги откопаат урнатините. Локалните медиуми наведуваат дека можеби се повредени десетици луѓе.

Настрешницата, пишува Нова.рс, неодамна била реновирана. Реконструкцијата ја изврши кинеска компанија, цената на целиот проект остана тајна, а самата зграда беше свечено отворена неколку пати, последен пат на 5 јули годинава.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Случајот со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад повторно во фаза на истрага

Горан Наумовски

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски