Орбан: Трамп може да ја запре војната во Украина

Од:

Ако има некој во светот кој може да постигне прекин на огнот во Украина, тоа е Доналд Трамп, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Шефот на унгарската влада изрази надеж за победа на кандидатот на Републиканската партија на изборите на 5 ноември.

Како што рече, смета на враќање на поранешниот американски претседател во Белата куќа за да седне со него на преговарачка маса и да најде начини за решавање на конфликтот во Украина.

„Ќе седнам на преговарачка маса со Трамп, а потоа Европејците и Американците ќе можат да направат добар договор и ќе имаме претседател кој се залага за мир, а не за војна, а потоа ќе можеме да ја промениме политиката во Брисел. Знаеме дека додека беше американски претседател, тој никогаш никаде не започна војни, а таму каде што се случија, тој ги прекина што е можно поскоро“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски