Орбан: Унгарија е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“

Од:

За разлика од многу други земји-членки на ЕУ, Унгарија не прифаќа луѓе кои припаѓаат на странски култури, имаме семејна политика и сме конзервативен остров во европскиот „либерален океан“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан, во интервју за ТВ Сервус, зборувајќи за миграцијата, рече дека Унгарија издава работни дозволи за странци, главно од муслиманските земји, онолку колку што е потребна работна сила и дека таквите работници, кога ќе им истече работната дозвола, мора да го напуштат земја, објави денеска унгарската агенција МТИ.

„Ние Унгарците веруваме дека илегалната миграција нема да ја подобри ситуацијата, туку само да ја влоши. Никој во Унгарија не сака да влезат илегални мигранти, ние сме на друг пат, ние сме конзервативен остров во овој либерален европски океан“, рече Орбан, пренесува Танјуг.

Критикувајќи ја политиката на ЕУ, унгарскиот премиер нагласи дека раководството во Брисел изградило култура на хегемонистички начин на размислување, во која секој кој не е либерален не може да биде демократ и дека тоа е изградено со помош на Џорџ Сорос, кој според него, вметнувале пари во оваа политика.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Орбан: Опасноста од ескалација и ширење на војна никогаш не била поголема

Орбан и објави „војна“ на левицата: Допрва доаѓа времето на патриотите, вие сте неспособни

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Да се ​​најдат начини да се врати мирот во Европа