Јанкулоска: Сите лаги СДСМ ќе треба да ги објасни пред суд

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска преку соопштение ги оцени како лаги обвинувањата упатени кон неа од портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, побивајќи ги со аргументи, а најави и покренување тужба.

Во реакцијата повторно таа ги изнесува сите документи во прилог на, како што се посочува, демаскирањето на клеветите на СДСМ дека незаконски заработила 200.000 евра, за што, вели, беше најостро демантиран од Управата за јавни приходи, но и од документите со кои се докажува продажбата на стариот стан и подигнувањето на долгорочен кредит.

Се посочуваат и документи за кредитот од 90.000 евра, со договорот кој го има склучено со Шпаркасе банка, кој го пријавила во Државната комисија за спречување на корупцијата, и дека ратата која што ја отплаќа со сопругот е во висина од 550 евра. За манипулацијата околу големината на становите, пак, се вели, најостро беше демантирана со имотните листови од кои сите граѓани можат да видат колкав е станбениот простор.

– Сите овие прашања јасно ја покажуваат стратегијата на СДСМ во оваа фабрикувана сторија. Една лага да се покрива со друга. Да се заборави претходната манипулација и срамот, со пласирање на нова. Јасно е за СДСМ дека ниту документите, ниту договорите, ниту официјалните изјави на државните институции имаат некаква тежина во споредба со партиска агенда. Доколку држат до некакво достоинство треба да одговорат каде и зошто одеднаш исчезнаа сите овие теми и прашања кои ги отворија. Лично не верувам дека постои капацитет за такво нешто. Затоа верувам дека судот што е можно побргу ќе ги закаже рочиштата каде ќе може во соодветна постапка да побарам надомест за нанесените штети. Јасно ми е дека до тогаш, заради паниката од губењето на процесот ќе продолжи старата стратегија, стои во реакцијата на минситерката Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции