Милошоски: Песимист сум дека ќе имаме подобрување во Судскиот совет доколку оваа екипа остане

Од:

На собраниската седница за пратенички прашања пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонијо Милошоски му постави прашања на премиерот Мицкоски:

„Дали до овој момент, Републичкиот судски совет како целина и тело или некои членови до вас доставија издржан предлог за реформи на оваа институција или доколку нема кој е вашиот план за реформа на Републичкиот судски совет со цел да се зголеми довербата во оваа институција и да има поголема стопанска извесност и капацитет за владеење на право и борбата против корупција?“.

Во текот на следната недела ќе започне процесот на темелна реформа на Републичкиот судски совет, одговори Мицкоски.

Милошоски напомена дека не може да се очекуваат исти резултати ако оваа екипа во РСС продолжи да биде истата во следните 2 до 3 години.

„Јас сум песимист дека ќе имаме подобрување во Судскиот совет доколку оваа екипа остане. Моето дополнително прашање е дали имавте веќе разговор на оваа тема со европскиот експерт? Бидејќи законски е регулиран со закони кои се гласаат со 2/3 мнозинство во Собранието, доколку се предложи одреден закон за темелна реформа на судскиот совет освен парламентарно мнозинство, да обезбедиме 2/3 мнозинство за темелна реформа на Републичкиот судски совет“ – дополни Милошоски.

Одговарајќи на пратеничкото прашање, Мицкоски рече дека во координација со министерот за европски прашања, како и министрите за надворешни работи, правда и внатрешни работи, и сите други засегнати, ќе се започне процес на консултации и реформи.

Тој изрази уверување дека сите пратеници во парламентот ќе гласаат за реформите, кои се препорака од Европската Унија. Воедно, нагласи дека владата ќе обезбеди поддршка за овие реформи.

– Јас сум убеден дека сите пратеници во парламентот ќе гласаат за една таква реформа која е препорака од ЕУ. Доколку тоа не се случи, јас сум убеден дека владата ќе обезбеди двотретинско мнозинство за една ваква реформа со која ќе се стави крај на заробениот судски совет и судство и обвинителство кое ја влече правдата назад – изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ