Рускиот тенисер Андреј Рубљев имаше напади на бес за време на мечот одигран на Мастерсот во Париз.
Рубљев во второто коло загуби од Аргентинецот Франциско Серундола по два тај брејка – 6:7 (6:8), 6:7 (5:7), а имаше и фрустрирачки испад на почетокот од вториот сет.
Can somebody get Rublev some mental help? A mental coach? Therapy? Something?
This is getting out of hand. pic.twitter.com/mQ3uXa1ZRC
— Scott Reichel (@ReichelRadio) October 29, 2024
Тој не успеа да се контролира, а причина за таквото однесување беше еден удар кој заврши во мрежата.
Ова се случи во третиот натпревар, а Рубљев во налет на бес со рекетот го удри коленото на левата нога и го раскрвари.