Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Од:

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на номинацијата на членови на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од страна на Судски совет и Совет на јавни обвинители. Според нив, назначувањата се извршени со отсуство на јасни аргументи и образложенија.

Согласно членот 9 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители, во Управниот одбор на Академијата, двајца члена се назначуваат од страна на Судскиот совет од редот на судиите, како и двајца членови кои се назначуваат од редот на јавните обвинители од страна на Советот на јавните обвинители.

– На последните седници на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, одржани на 24.10.2024 и 29.10.2024 година се изврши назначување на членови во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Назначувањето беше извршено на посебно загрижувачки начин, бидејќи обата Совета, наместо да назначат судии и јавни обвинители, назначија членови на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители. Дополнително, назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата беше извршено на седница на Советот на јавните обвинители која траеше вкупно 11 минути, додека пак Судскиот совет назначувањето го изврши под точката „разно“ од дневниот ред, стои во соопштението од КСПС.

Покрај тоа, како што дополнуваат, ваквите одлуки, на типичен начин бил донесени со отсуство на јасни аргументи и образложенија, а што е уште позагрижувачко, како што велат, и отсуство на каков било претходен процес за изразување на интерес на судии и јавни обвинители, прибирање на податоци, програми за работа, јавно презентирање на кандидатите за членови на Управниот одбор итн.

– Ваквото постапување на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители е исклучително загрижувачко, најнапред поради тоа што претставува сериозен ризик од корупција и судир на интереси. Од овој аспект, битно е да се напомене дека членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал. Оттаму, мора да се напомене дека членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица, па така истите не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, нагласуваат оттаму.

Друг аспект на судирот на интереси кој се јавува во оваа ситуација, дополнуваат, е тоа што Управниот одбор на Академијата има надлежност да одлучува по жалба, односно приговор на кандидатите на одлуките на Приемната и Завршната комисија во Академијата кои ги изготвуваат конечните ранг листи на слушатели и на кандидати за судии и јавни обвинители.

– Со други зборови, Судскиот совет и Советот на јавните обвинители ќе можат да одлучуваат за истите кандидати во секој од поставените филтри- прием на Академијата, завршување на почетната обука на Академијата, а потоа и за конечен избор на кандидатите како судии или јавни обвинители. Па така, се поставува прашањето дали членовите на Советите како дел од Управниот одбор на Академијата може да одлучуваат по приговорите на кандидатите, а истовремено да одлучуваат и во рамки на Советите за избор на тие кандидати за судии или јавни обвинители, без тоа да претставува судир на интерес и акумулација на одлучувачка моќ, се запрашуваат од коалицијата.

Оттаму нагласуваат дека ваквиот начин на постапување од страна на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители е апсолутно неприфатлив доколку се има предвид членот 14 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители кој предвидува дека член на Управниот одбор на Академијата се разрешува од функцијата доколку постапи спротивно на прописите од областа на спречувањето на корупцијата и судирот на интереси, потоа сериозноста на ова исклучително важно прашање, како ниската доверба на граѓаните во правосудниот сектор, која што со ваквите одлуки уште повеќе се намалува, како и веќе дадените препораки и од домашната и меѓународната јавност за неопходно транспарентно и отчетно образлагање на одлуките на телата и органите од судството.

– За крај, не помалку важно е и тоа што ваквиот начин на постапување од страна на обата Совети е спротивен и со дадените препораки од страна на Оценската мисија на ЕУ, во кои што меѓу другото се истакнува значењето на принципот на транспарентно и отчетно работење, согласно кој е неопходно членовите на Судскиот совет да даваат образложение на своите одлуки, потенцираат од КСПС.

Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука за номинирање членови и заменици членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. За членови беа избрани Душица Димитриеска и Башким Бесими, а за заменици членови Татјана Кацарова и Теута Рамадани.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката