Песков: Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Од:

Русија ги отфрли обвинувањата дека се мешала во парламентарните избори во Грузија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека тоа веќе стана стандард за многу земји.

„Не, немаше мешање“, рече Песков, пренесе Интерфакс.

Тој додаде дека имало обиди на „европски актери“ да влијаат на изборите, но не и од Москва.

Зборувајќи за резултатите од изборите во Грузија, тој рече дека тоа се избори на грузискиот народ.

„Сега е многу важно ниту една трета земја да не се меша во резултатите на овие избори. Истата госпоѓа (претседателката Саломе) Зурабишвили рече дека не ги признава резултатите од овие избори, овластувањето на претседателот на Грузија да ги признае или не ги признае изборите. Во секој случај, сето ова е внатрешно грузиско прашање“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот