Резултатите над очекуваното од пробното производство на турските сорти ориз

Од:

Резултатите од проектот за пробното производство на турски сорти ориз во Кочанско се над очекуваното. Квалитетот на зрното е подобар, даваат поголем принос и порано зреат.

Ова го оцени министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета во Кочани во чии рамки присуствуваше на презентацијата на новите сорти ориз во Земјоделскиот институт.

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати проектот на Турската агенција Тика и пролетва на површини под ориз од 5 декари на Земјоделскиот институт се насеани 15 турски сорти ориз. Исто така на површините на 20 земјоделци во Кочанско се насеани пробни колични на турски сорти ориз, истакна министерот Димовски.

Тој додаде дека соработката ќе продолжи како проект и идната година и ако се потврдат очекувањата во приносите и квалитетот ќе продолжи производството.

Според него турскиот пазар е голем па оттука и пласманот на оризот ќе се реализира во целост и нема да треба како досега да бараме пазари за извоз.

Турската агенција ТИКА е задоволна од пробното производство на ориз во кочанскиот крак, Проектот ќе продолжи понатму, истакна Махмуд Чевик од агенцијата ТИКА за Македонија.

– Промената на сортите ориз во Кочанско ќе зачи и можност повеќе земјоделците да се запознаат со нови сорти ориз кои даваат поголеми приноси, рече градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Посетата на министерот Љупчо Димовски се реализира во рамки на стопанско културната манифестација Денови на Кочанскиот ориз.

Димовски најави дека ќе продолжи исплатата на субвенциите на оризопроизводителите како што ветила Владата.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата