Промовирани новите 100 полициски возила

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска ги доби новите 100 возила со полициски ознаки од марката „шевролет спарк“ од компанијата „Авто Македонија“, која на електронското наддавање постигна најповолна цена согласно критериумите кои се бараа во тендерот. Ова денеска на промоцијата на возилата го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која рече дека пред рокот на испорака ги добиле стоте нови возила кои во следните неколку дена ќе може да се видат на улиците во цела Македонија.

Таа посочи дека станува збор за мали градски возила кои се економични со потрошувачка од пет литри гориво на 100 километри.

– Без разлика на тоа што се работи за мали возила, тоа се возила со висока безбедност и со последна година на производство, што значи дека се работи за нов модел кој во себе ги има инкорпорирано сите безбедносни стандарди. Освен тоа, она што беше еден од условите во тендерот, беше и сите возила да ја имаат неопходната полициска опрема, што значи дека практично нема да бидат потребни никакви дополнителни интервенции во смисла на нивно приспособување за полициски потреби и тие веднаш може да се стават во употреба, истакна Јанкулоска.

Целта на набавката на новите сто автомобили, потенцира министерката, беше зајакнување на капацитетот на полицијата на територијата на цела Република Македонија, пред се во урбаните средини, но и во подрачјата каде полициските станици покриваат поголем број населени места, значи во општините со голема територија каде што има повеќе населени места, меѓутоа со помалку население бидејќи наша задача е да бидеме секаде онаму каде што граѓаните имаат потреба и интерес полицијата да биде присутна.

– Верувам дека веќе во наредниве денови откако овие возила ќе бидат ставени во употреба односно предадени на користење на соодветните полициски станици низ Република Македонија, брзината на одговор на полициските службеници ќе се зголеми што значи дека ќе бидат многу поефикасни во случај кога ќе има пријава од граѓанин да можат во разумно брз временски период да стигнат на местото каде што граѓаните ги повикуваат, додаде министерката Јанкулоска.

Цената на возилата во полициска изведба (односно четири резервни гуми, сигнален уред за звучна и светлосна сигнализација, како и сервисирање на возилата за наредните три години додека трае договорот), изнесува 45.353.800 денари. Новите возила главно ќе бидат распоредени во секторите за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски