Приведен криумчар на мигранти во близина на село Богородица

Од:

МВР информира дека денеска во 01.15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на с. Богородица сопреле патничко возило „сеат алтеа“ со косовски национални ознаки, управувано од З.М.(36) од Косово.

Притоа, во возилото пронајдени се осум лица илегални мигранти, од кои седум од Сирија и едно лице од Египет.

Заедно со возилото „сеат алтеа“ се движело и патничко возило „ауди“ без регистарски таблици, кое не застанало на дадениот знак од полициските службеници, туку се оддалечило од местото на настанот, а по кратко време од него излегле осум лица илегални мигранти, од кои шест од Кувајт и двајца од Сирија, а возачот се дал во бегство.

З.М. е лишен од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Криумчарел 15 Кинези во камионот, Босанец уапсен на „Богородица“

ВИДЕО: Шверцерите на мигранти во Европа имаат нова, морничава тактика

Приведен криумчар на мигранти, пренесувал 12 Непалци

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени девет лица од Сирија

Приведен 21-годишен криумчар, превезувал 13 мигранти од Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Бркотница на автопат: Полицијата фати криумчар на мигранти

Катерина Ѓуровски